Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево претседателот на Собранието Африм Гаши, без да прецизира кога ќе се одржи седницата.
Собранието потоа се префрли на 129. пленара седница и со 63 гласа „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни набавки, чиј што указ не беше потпишан од претседателката на државата Сиљаноска-Давкова, со укажување. Владејачкото мнозинство поднесе амандман со којбеше избришан членот од укажувањето на Сиљаноска-Давкова.




