Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој е во Вашингтон по повод активностите на Парламентарното собрание на НАТО, во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека нема промена на ставот од страна на САД околу уставните измени.
-Пораките од САД ги слушаме долго време. Нема промени во односот кон нашите партнер. САД остануваат наш силен стратешки партнер, и новата влада уште повеќе ќе го продлабочи партнерството. Наша обврска и предизвик е да ги спроведеме уставните измени, но кога ќе дојде време, односно кога ќе се гарантира идентитетот, културниот, етничкиот и јазичниот идентитет на прво место на Македонците, но и на сите граѓани на државата – изјави Гаши.