Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо се потсети за славни времиња, во кои тој ги бранеше боите на „росонерите“ како фудбалер. Стратегот обрна внимание и на разликите меѓу современите играчи и оние од минатото.

– Во Милан секогаш било важно да се почитуваат правилата. Во пракса не се бараше интервенција на Галијани и Берлускони. Имаше одлична атмосфера, одлична историја. И оваа историја се почитуваше. Сега сè е посложено. Карактерот на играчите е променет. Кога заминав, веќе почувствував дека нешто се сменило. Со сите сили се трудев да зборувам на јазикот кој се слушаше толку многу години, изјави Гатузо.

Тој ја расакажа приказната, кога за прв пат се избричил во базата во Милано, и реакцијата на легендарниот Алесандро Костакурта.

– Оставив две влакна во мијалникот. По два шамари од Костакурта, веднаш сфатив каков е менталитетот на овој тим. Сега е поинаков менталитет, сè се промени. Можете да работите за постепено да го вратите стариот менталитет, но да не заборавате за промените. Тренерот мора да најде група на играчи кои се подготвени да се жртвуваат, подобруваат и прават повеќе за тимот. Денес треба да бидете внимателни со она што им го кажувате на играчите. Ако им кажете нешто, тие ќе почнат да се жалат и да бараат изговори, додаде популарниот Рино, цитиран од италијанските медиуми.