Молдавија има историска можност да се приклучи на Европска Унија, изјави денеска молдавската премиерка Наталија Гаврилита, додавајќи дека не треба само Украина да добие кандидатски статус.
– Го поддржуваме секој механизам што нè зближува, ја зајакнува нашата соработка, сè додека не го замени патот кон членството, истакна Гаврилита на панелот на Светскиот економски форум, што се одржува во Давос, Швајцарија.
Таа додаде дека Молдавија цврсто верува дека членството во ЕУ е нешто што носи мир, стабилност и напредок, и дека Кишињев сака да биде дел од слободниот свет и европското семејство.
Според Гаврилита доделувањето кандидатски статус само на Украина би резултирало со создавање сива зона во Молдавија.