Четиринаесет ученици и еден наставник загинаа по пукање во основното училиште Роб во Увалде, Тексас, според гувернерот Грег Абот.

Осумнаесет годишниот осомничен, ученик во средното училиште во Увалде, исто така е мртов, вели тој.

– Тој застрела и уби ужасно и неразбирливо 14 ученици и уби наставник, рекол Абот за време на брифинг со новинарите.

Осомничениот, исто така, наводно пукал во својата баба пред да влезе во училиштето и повторно да отвори оган, вели Абот. Не е соопштено ништо повеќе за нејзината состојба.

Абот вели дека напаѓачот имал пиштол, а можеби и пушка.

Болницата во Увалде соопшти дека 15 ученици се лекуваат во одделот за итни случаи на болницата по инцидентот. Двајца пациенти се префрлени на лекување во Сан Антонио, додека трет чека трансфер, соопшти болницата. 45-годишник исто така бил хоспитализиран откако бил повреден од куршум.

Универзитетската клиника во Сан Антонио соопшти дека има двајца пациенти од инцидентот – дете и возраснa жена. Болницата соопшти дека возрасната – 66-годишна жена – е во критична состојба. Сè уште нема ажурирање за состојбата на детето.

Градоначалникот на Увалде, Дон Меклафлин, не ги потврдил жртвите, но во текстуална порака за ABC News изјавил дека „ова е многу лоша ситуација“.

Тој изјавил дека канцеларијата се обидува да контактира со родителите пред да објави какви било информации.