Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека во земјата ќе биде воведена вонредна состојба од полноќ поради конфликтот во Украина.

Според неговите зборови, конфликтот во Украина ја загрозува енергетската и финансиската безбедност на државата.

„Гледаме дека војната санкциите на Брисел донесоа до огромен економски потрес и драстично зголемување на цената. Светот се наоѓа на граница на економска криза. Владата од полноќ прогласува вонредна состојба“, кажа Орбан.