Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милано, град во кој голгетерот се задржа пет години како играч на Милан и на Интер и од каде замина во 2012 година како најдобар стрелец и освојувач на скудетото.

Во зимскиот преоден рок се враќа во Милан откако наполни 38 години. Досега играше за американскиот ЛА Галакси.

Преговорите за неговото враќање во Милан почнаа пред два дена, но според Ла Газета дело Спорт, се е договорено и Ибрахимовиќ чека повик од спортскиот директор на Милан дека ги прифаќа неговите услови.

А, тоа се – хонорар од 2 милиони евра за шест месеци и опција за продолжување на договорот за уште една сезона.