Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дала зелено светло за опцијата за поделба на Косово, објави приштинска Газета експрес повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.
Весникот наведува дека постои можност Трамп за тоа да се договорил со рускиот претседател Владимир Путин на неодамнешниот самит во Хелсинки.
Според сознанијата на весникот, адмистрацијата на Трамп односно тие што се занимаваат со надворешна политика одобриле Косово да отстапи територија на Србија во замена за признавање, пренесе Танјуг.
Таа радикална промена во администрацијата на претседателот на САД, се случува по заминувањето на поранешниот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер и по доаѓаањето на Џон Болтон на таа функција, кој според весникот, е познат по антикосовскиот пристап од времето кога бил амбасадор на САД во ОН.