Комичарот Володимир Зеленски, кој освои најмноги гласови во првиот круг на претседателските избори во Украина, може да биде убиен пред вториот круг, изјави новинарот на руска „Газета“, Максим Шевченко.

– Зеленски веќе стана политичар. Тој не е шоумен – за него гласаа огромен број гласачи, пишува Шевченко.

На изборите, што се одржа на 31 март, за Зеленски гласаа 30,22 отсто од Украинците. На второто место е актуелниот претседател Петро Порошенко со 16,65 отсто. Двајцата ќе се соочат во вториот круг.

Според новинарот Шевченко, Зеленски е кандидат за мир, а не за војна.

– Зеленски ќе биде убиен. Или ќе му се случи нешто. Таквата варијанта е можна, смета Шевченко, кој го објаснува таквото сценарио со фактот дека Украина е полна со оружје, со многу криминалци,  а целта на таков развој на настаните може да биде дестабилизирање на ситуацијата.

Потоа, според прогнозата на Шевченко, во Украина ќе почне граѓанска војна.

Во исто време, новинарот признава дека работите може да се развијат и на друг начин: „Тимошенко може да го поддржи Зеленски. Потоа, Зеленски ќе стане претседател, а таа премиер. Тоа ќе биде сериозен чекор“.