Рускиот концерн „Газпром“ за првпат во последните 43 дена зачува дел од капацитот на гасоводот Јамал-Европа за транзит на сино гориво низ Полска.
Информациите за овој потег се објавени на платформата GSA. Според информациите, денеска низ Јамал-Европа во транзит ќе поминат 12,53 милиони кубни метри гас.
Гасоводот Јамал-Европа минува низ Русија, Белорусија, Полска и Германија, и има капацитет од 33 милијарди кубни метри гас годишно.
„Газпром“ на 21 декември престана да испумпува гас за Европската унија, бидејќи не доби барања од европските потрошувачи.
Капацитетите на „Газпром“ во декември беа резервирани според истата шема. Дополнително, капацитетот не беше закажан според редовните, туку на дополнителна сесија на секојдневни аукции, што се користат за резервации за неколку часа.
Од вчера барањата до „Газпром“ за транзит низ Украина изнесуваа 107,7 милиони кубни метри, што е блиску до максималниот договорен волумен на транзитен капацитет од 109 милиони кубни метри, што е двојно повеќе од просечното испумпување за јануари годинава.