Руските трупи ослободија речиси осум населени места и презедоа контрола врз повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првите две недели од јануари – изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валериј Герасимов.
Претходно, Русија објави дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри украинска територија.
– Руските сили напредуваат практично во сите правци во зоната на специјалната воена операција. Војниците на днепарската група напредуваат кон градот Запорожје. Населбите Белогорје и Новобајковское се ослободени – наведе Герасимов.
Тој додаде и дека руските трупи активно се придвижуваат кон Славјанск.
фото: архива




