Началникот на Стратешката команда на Вооружените сили на САД, генерал Џон Хајтен денеска изјави дека Вашингтон не може да се спротистави на руските ракети и оти е неопходно да се продолжи Договорот СТАРТ-3 со Москва.
Тој наведе дека најголема опасност претставуваат најновите крстосувачки и хиперсоночни ракети, како и беспилотната подморница Посејдон.
– Загрижен сум дека за десет или повеќе години овие торпеда, крстосувачки хиперсонични ракети ќе тргнат во целосно друг правец и дека ќе имаме проблеми, изтакна Хајтен пред Сенатот.
Тој додаде дека „денес може да ја одбрани нацијата, како и командантот кој ќе дојде по него, но оти е загрижен за тие кои ќе дојдат по нив“.
Генерал Хајтен објаснувајќи ги специфичностите на руските ракети посочи дека постоечкото американско оружје може да ги открие, но тие потоа „исчезнуваат и не се гледаат до моментот на удар“.
Тој, исто така, побара од Сенатот да ги зголеми расходите за модернизација на „нуклеарната тријада“, која вклучува стратешки бомбардери, ракетни системи земја – воздух и ракетни системи вода – воздух. Генерал Хајтен наведе дека за тоа ќе бидат потребни околу еден билион долари.
САД и Русија потпишаа Договор за намалување на стратешкото офанзивно оружје во 2010 година. Според Договорот секоја страна треба да го намали нуклеарниот арсенал така што во следните седум години и понатаму вкупното вооружување да не надминува 700 интерконтинентални балистички ракети, балистички ракети на подморници и тешки бомбардери, како и 1.550 боеви глави и 800 распоредени и нераспоредени лансирни системи. Договорот ги обврзува Русија и САД да разменуваат информации за бројот на боевите глави и на ракетите-носачи двапати годишно.
Русија и САД до 5 февруари 2018 година мораа да постигнат контролни показатели според Договорот, што истекува во 2021 година.