По 17 години војна, врховниот американски командант во Авганистан, генерал Остин Скот Милер изјави дека талибанците не можат да бидат поразени.
– Војната во Авганистан не може да заврши по воен пат и мирот може да се постигне единствено со политичка резолуција со талибанците. Оваа војна нема да заврши по воен пат. Ова мора да биде политичко решение, изјави американскиот генерал задолжен за операциите на САД и НАТО.
Генерал Милер додаде и дека талибанците се уморни од борбите и најверојатно се подготвени да почнат мировни преговори по 17 години војна.
Американската инвазија на Авганистан почна во октомври 2001 година.