Рускиот генерал Владимир Зарудинцки предупреди дека конфликтот во Украина може да ескалира во војна во Европа и рече дека веројатноста силите на Москва да бидат вклучени во нов конфликт „значително се зголемува“.

– Не може да се исклучи можноста за ескалација на конфликтот во Украина до војна од големи размери во Европа, истакна Зарудницки.

Главен извор на воени закани за нашата земја е антируската политика на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, кои водат нов тип на хибридна војна со цел на секој можен начин да ја ослабат Русија, да го ограничат нејзиниот суверенитет и да го уништат нејзиниот територијален интегритет, оцени генералот, кој е началник на Воената академија на Генералштабот на руската армија од 2017 година.

фото: Руско МО