Еден од челниците на Бугарскиот фудбалски сојуз, Георги Иванов Гонзо, изјави дека неговата репрезентација има амбиции да ја победи македонската селекција во првиот натпревар од претстојното издание на турнирот во Лигата на нации.

– Влогот на натпреварот со С. Македонија е голем, имајќи предвид дека сакаме да се пласираме напред на турнирот. Спортот не треба да создава политички проблеми меѓу Бугарија и С. Македонија, бидејќи на крајот спортот секогаш треба да носи мир и задоволство кај луѓето. Мислам дека организацијата што ја создадовме заедно со домаќините од Разград ќе придонесе средбата да помине без проблеми. Влегувааме со амбиции за победа. Имаме подмладен тим составен од квалитетни играчи, изјави Иванов за БНТ.

Македонските фудбалери утре во Разград и гостуваат на Бугарија во 1.коло од четвртата група сегмент „Ц“ во Лигата на нации.