Баш на оваа слика му викам: друже нем да испадне дека по улици шетаме за само на влас да ве донесеме? На што он ми вика: нееее Благојче правда мора да има, ама не ми кажа кога, пошто до ден денешен нема “П” од Правда, објави на Фејсбук, Благојчо Брлоко Георгиев.

– Ветуваше дека ќе се укинат извршителите бидејќи уште душата на народот им останала да му ја земат, ветуваше дека ќе има ревизија на монтираните судски процеси, ветуваше реформи во судството, ветуваше дека името на државата нема да го смени, ветуваше двапати дека ќе прави партиска „метла“… Ама таа партиска метла заигра кон чесните и достоинствените луѓе, изгледа тие му сметаат. Ветуваше дека законот за инвалидни лица, и лицата со посебни потреби ќе се смени и сите ќе добијат достоинствен живот еднаков на сите граѓани. За жал се остана ветувања. ВЕТУВАШЕ МНОГУ, А НАПРАВИ СЕ СПРОТИВНО!- објавува Георгиев со хаштаг #ЗаНештатаДаСтанатПојасни.

Георгиев е само еден од илјадниците кои ги полнеа улиците во тн. шарена револуција, а сега изгубија надеж и кренаа раце од „поубавата иднина“ што на Македонија (ќе) и ја донесе Зоран Заев.

(Д.Г.)