Коалициониот партнер во власта, претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски со ден задоцнување од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје, заслуга за ослободувањето им дава на Бугарите.

Неговата партија се приклучува кон честитките и порачува дека Скопје било ослободено од германски и албански фашисти со помош на бугарска војска. Наспроти ваквото тврдење, во историјата, како и во сведоштвата на генералот Михајло Апостолски и на првоборецот Боро Чушкар, е запишано дека партизаните не ѝ дозволиле на бугарската војска да влезе во град

„ВМРО-Народна партија се приклучува кон честитките по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. На тој ден македонските партизани со помош на првата бугарска армија во тешка борба ги разбија германските и албанските фашисти кои во тој момент го држеле градот под контрола“, напиша Љубчо Георгиевски на Фејсбук, а истиот текст е поставен и на фејсбук страницата на партијата.