Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово беше во посета на ООУ „Кирил и Методиј„ во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на Фејсбук на која напиша:

„НАСТАВАТА ВО УЧИЛИШТАТА ВО ГАЗИ БАБА ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНУВА СО ИНТОНАЦИЈА НА ХИМНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

На мое големо задоволство утрово бев во ООУ Кирил и Методиј во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија.

Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина.

Сметам дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата мила Македонија.

Одлуката за интонација на химната на Република Македонија на почетокот на наставата секој понеделник ја донесе Советот на општина Гази Баба на последната седница.

Со љубов кон Македонија“! – напиша Стефковски.

Од неодамна и во училиштата во општината Аеродром наставата почнува со македонската химна.