Во 65. коло на европската лотарија „Евроџекпот“ беше извлечена главната награда 5+2 во износ од 14.3 милиони евра.

На синоќешната ждрепка беа извлечени бројките: 12, 21, 23, 26, 41 – 5, 6 што му донесе голема добивка на играч од Германија.

„Евроџекпот“ е транснационална европска лотарија лансирана во 2012 година.

Од 15 септември 2017 година земјите што учествуваат во лотаријата се: Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.