Парламентарните групи на ЦДУ/ЦСУ и на СПД во германскиот Бундестаг ги одредија условите за Албанија за почеток на преговори за членство со Европската унија. Пораката на Берлин е дека поддржуваат преговори, но под одредени услови.
Во нацрт-резолуција се наведува дека „Германија сака стабилизирање на добрососедските односи во регионот“, што е еден од условите за Албанија, а тука пред се се поставува како проблем Грција, за што забрзано се подготвува потпишување на билатерален договор за поморската граница.
На второ место е назначено прашањето за судските реформи, за кои се смета дека даваат првични резултати, но многу се очекува од борбата со корупцијата и организираниот криминал. Како услов се потестува дека до средината на 2018 година треба да заврши процесот на оценка на половина од приоритетните судски процеси, но корупцијата во судството е еден од приоритетите. Се додава дека е направен „видлив напредок“ во борбата со одгледувањето и трговијата со канабис.
Во нацрт-резолуцијата се наведува дека постојат многу нерегуларности во јавната администрација, при што е откриено дека 30 проценти од вработените во јавата администрација се извршени на нелегален начин.
Во нацрттот дури се спомнува дека доколку Албанија и ги почне преговорите тие ќе бидат стопирани доколку земјата не продолжи со исполнување на директивите.