Германија ќе дозволи влез на странски работници поради недостиг на вработени на германските аеродроми како привремена мерка, објави германскиот весник Билд ам Зонтаг, повикувајќи се на министрите за внатрешни работи, транспорт и труд.
Аеродромите низ Европа, вклучително и Германија, се соочуваат со недостиг на персонал поради зголеменото движење на патниците поради укинувањето на повеќето епидемиолошки мерки воведени поради Ковид-19.
Фотографиите од патниците кои чекаат во долги редици за безбедносна проверка на аеродромот во Дизелдорф претходно оваа недела го покажаа обемот на недостигот на работна сила, што предизвика хаос за време на туристичката сезона.
Министерствата за внатрешни работи, труд и транспорт ќе започнат заедничка кампања за доведување на привремени странски работници на работа на германските аеродроми, пишува Билд и додава дека на аеродромите има недостиг од 2.000 до 3.000 вработени.
Кампањата има за цел да донесе четирицифрен број на квалификувани работници од Турција во Германија кои ќе бидат вработени неколку месеци од јули.
Министерот за труд Хубертус Хеил рече дека работодавците мора да исплатат плати во согласност со колективните договори и да обезбедат пристојно сместување за ограничено време.