За околу половината од граѓаните на Германија, демократијата во државата е во ризична состојба, покажуваат резултатите на анкетата на „ЈуГов“, чии резултати ги објави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Според 53 отсто анкетирани Германци постои ризик за демократијата. Најголема закана за мнозинството е од десничарските екстремисти. Околу четири од 10 анкетирани веруваат дека демократијата ќе функционира полошо во следните десет години. =

Приврзаниците на Алтернатива за Германија се најнезадоволни од демократијата во државата (79 отсто).
Само мал дел од приврзаниците на Зелените споделуваат исти ставови (19 проценти).

Според анкетата, 83 отсто од испитаниците изјавиле дека демократијата во државата е најмалку добра, додека 64 проценти се изјасниле како задоволни од демократијата во Германија.

За 47 отсто анкетирани десничарските екстремисти се најголема закана за германската демократија. Десничарските популисти и мигрантите се на второ место во анкетата со 27 проценти. Левичарските активисти и САД се главна закана за 22 отсто од анкетираните.