Германскиот весник „Шпигл“ објави на социјалните мрежи дека американската војска го ослободила концентрациониот логор Аушвиц.

Во статусот кој го објави „Шпигл“ пишува дека Аушвиц бил најголем нацистички логор на смртта, кој, како што наведува, „пред 75 години го ослободила американската војска“.

На текстот прво реагирале корисниците на социјалните мрежи.

Весникот потоа се извини „поради непријатната грешка“ и нагласи дека критиката ја сфаќа како „праведна казна“. Статусот веднаш бил коригиран и е напишано дека логорот го ослободила Црвената армија.

Аушвиц на 27 јануари 1945 година го ослободиле трупите на советската војска.