Едно лице е уапсено на железничката станица во градот Вупертал, Германија.

Според извештаите, станува збор за Ернст-Волкер Стауб (69), поранешен член на фракцијата на Црвената армија, попозната како групата Бадер-Мајнхоф. Властите го барале 25 години.

Како што пишува „Билд“ тој се качил на возот требало да тргне во 14 часот и 58 минути, но бил запрен поради сомневање дека во него има вооружен маж и дека во еден од возовите имало и експлозив. Во исто време затворена била и железничката траса меѓу областа Рур и Келн.

Полицијата го опколила возот, а потоа влегле неколку полицајци и го уапсиле осомничениот.

„Тоа лице успеавме да го уапсиме без отпор. Во акцијата нема повредени“, изјави портпаролот на полицијата.