Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси, бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце.
-Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на мерката.
Таа објасни дека целта е да се намали не само употребата на пластични кеси, туку и самата пластика.
ЕУ ќе забрани некои пластични производи за еднократна употреба, како што се сламки, вилушки и ножеви од 2021 година, но дозволи преоден рок за други производи се додека индустријата не успее да ги замени.