Пред Самитот на НАТО американскиот претседател Доналд Трамп се расправа со сојузниците пред се, со Германија. Тој ја обвинува Владата во Берлин дека не дала доволно пари за одбрана. Дали е во право?
Според Владата од 2013 до 2017 има зголемување за 17 отсто. Оваа година буџетот изнесува 39 милијарди евра додека следната околу 43 милијарди евра. Тоа е втора ставка во државниот буџет на Германија. Во план е во следните години постепено да се подобрува опремата посебно хиликоптерите, борбените авиони и подморниците.
И покрај вложените напори Германија е далеку од целта од два отсто и моментно издвоила само 1,24 отсто. Причина за тоа е и големината на БДП што годишно расте за околу два отсто. Доколку сојузната Влада во 2024 година сака да дојде до два отсто БДП за одбрана, тогаш расходите треба да бидат речиси четири пати поголеми. Тоа е рамка што тешко може да се постигне во време на намалување на долгови.
Минатата година САД издвоиле 610 милијарди долари за одбрана и тоа е 3,1 отсто од БДП.
Така, прашањето во врска со финансирањето, на Самитот во Брисел за НАТО ќе биде голем тест. Или како што кажа Трамп, можеби разговорите со Владимир Путин ќе му бидат полесни отколку тие со сојузниците.