Германска мапа на население издадена од нацистичка Германија пред почетокот на Втората светска војна ги урива тезите на Бугарија за тоа дека Македонците „ги измислил Тито“ и постојат од 1945 година.
Нацистичка Германија, со која Бугарија била во сојуз, во мапата јасно укажуваат дека во Македонија пред Втората светска војна речиси и да немало Бугари и дека апсолутно мнозинско население се Македонци.
Картата „Југославија: Етнички приказ по региони“ (Jugoslawien: Volkliche Gliederung Mehrheitsgebiete) е издадена во 1940 година од Југоисточниот Германски Институт (Sudostdeutsches Institut) во Грац, објавува профилот Македонија – вистинска бескрајна приказна на Твитер.
На мапата се прави јасна разлика меѓу Македонците и Бугарите кои ги нема на македонската територија која тогаш била окупирана и во состав на кралска Југославија.
– Нацистичка Германија јасно знаела за постоењето на македонскиот народ и преку вакви карти правела соодветни пресметки пред, за време и по воената инвазија на Балканот во 1941 година. Германските етнолози ги означиле Македонците на картата како засебен и мнозински народ во Македонија, се вели во твитот на човекот кој картата ја пронашол на еден од водечките американски универзитети Јел.