Се повеќе осигурителни компании ги објавуваат своите проценки за износот на штетите предизвикани од поплавите кои ја зафатија Германија по силното невреме. Лидерот на пазарот „Алијанц“ го посочи вкупниот износ од над 500 милиони евра што групата очекува да им ги исплати на погодените клиенти.
„Алијанц“ има добиено околу 13.000 пријави за причинета штета на секторот за домаќинства и станбени згради, како и околу 3.000 пријави за оштетени возила.
– Очекуваме тој број значително да се зголеми во текот на следните неколку дена, изјави Јохен Хауг, управен директор на одделот за побарувања. Вкупно, треба да има 30.000 извештаи за штети во домаќинства и станбени згради, како и 5.000 за штети на возила, јави ДПА.
Уште минатата недела, консултантската фирма со седиште во Келн, Мејертол Сиемс Колрус (МСК) го одреди вкупниот износ на осигурената штета на повеќе од милијарда евра. Износ што, според „Алијанц“, веројатно нема да биде доволен. Бидејќи и други големи добавувачи очекуваат огромни оптоварувања. Минатата недела, на пример, R + V Versicherung пријави побарувања за штети во износ од 387 милиони евра за годината како целина.