Средновековниот германски историчар Филип Лоникер (Philippus Lonicerus) објавил книга во 1578 година во која посочил дека Македонците се засебен народ и ги навел одделно од Србите и Бугарите.
Лоникер се бавел со историски истражувања но исто така ја обавувал и функцијата ректор на Франкфуртската гимназија.
Во 1576 година, направил препис на латински јазик на познатиот историски извор Gesta Danorum („Делата на Данците” ) од 12 век, под наслов Danica Historia Libris XVI.
Две години подоцна, Лоникер напишал обемно дело – „Турските хроники за потеклото на Турците, кнезовите, царевите, војните, битките, убиствата, победите и причините за војните и Земјите што се однесуваат на ова” – кое се состои од три книги.
Во поглавјето за Сулејман Челеби, најстариот син на султанот Бајазит I, Лоникер ја опишал ситуацијата по неуспешната опсада на Цариград од страна на Бајазит I и поразот што султанот потоа го претрпел во битката за Анкара.
– „По поразот на Бајазит… [Сулејман] избега во лет и пристигна во Одрин … и ги нападна соседните Бугари, Срби и Македонци…”
ИЗВОР: D. Philipo Lonicero Theologo, “Chronicorum Turcicorum, in Quibus Turcorum Origo, Principes, Imperatores, Bella, Praelia, Caedes, Victoriæ, Reique Militaris Ratio, Et Tera Huc Pertinentia, Continuo Ordine, Et Perspicua Brevitate Exponuntur, Et Mahometicæ Religionis Instituta,” Impressum Francoforti ad Moenum, M.D. LXXVIII.