Германски возач, слепо верувајќи во неговиот  ГПС, паднал во канал и морал да излезе од прозорецот на своето возило за да се спаси.

60-годишниот возач возел ноќе  во дождливо време во градот Едевехт во северозападниот дел на Германија.

Неговиот ГПС систем го однел до фабрика, а потоа и во крајбрежен канал.

Кога паднал во водата, Германецот успеал да го напушти возилото преку страничниот прозорец пред  автомобилот да потоне.

Возачот е хоспитализиран додека неговиот автомобил е изваден од каналот.