Украина многу долго ќе ги чувствува последиците од војната. Тоа би можело да биде и период од еден век.

„Украина може да очекува дека ќе ги чувствува последиците од руската војна 100 години поради неексплодирани смртоносни средства во градовите“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Вели дека сојузниците ќе помогнат во обновата на Украина. Наведе дека и во Германија до ден денес се откриваат бомби од Втората светска војна. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.