Буџетот за одбрана на Германија ќе мора да се зголеми „во следните години“, изјави министерот за финансии на земјата Кристијан Линднер во интервју за „Велт ам Зонтаг“.
Тој во четврток го одложи претставувањето на првиот предлог-буџет, но се очекува в среда јавно да ги соопшти буџетските планови и финансиските проекции до 2027 година.
Во интервјуто за неделното издание на Велт, што беше однапред дистрибуирано, Линднер рече дека е отворен за зголемување на буџетот за одбрана, истакнувајќи дека очекува предизвикувачки дискусии бидејќи заврши деценијата на ниски каматни стапки и зголемени владини приходи.