Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на први идниот месец ќе допатува во дводневна официјална посета на Албанија, по неговиот престој во Северна Македонија.
Според соопштението на германската амбасада во Тирана, неговата посета е „дополнителен сигнал дека Германија интензивно го поддржува и следи европскиот пат на регионот во целина и особено на Албанија”.
Ова е првпат во изминатите 27 години германски претседател да ја посети Република Албанија.
 На Штајнмаер ова му е втора посета на Тирана по онаа кога допатува како  министер за надворешни работи.
Освен одвоените средби со неговиот домаќин, претседателот Бајрам Бегај и  премиерот Еди Рама, тој ќе се обрти пред пратениците на албанскиот парламент.
Предвидена е и средба со студенти, посета на германска компанија а ќе го посети и градот Берат,  кој на листата за светско наследство на УНЕСКО е вклучен во 2008 година. Во 1961 година од страна на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа е прогласен за „музејски град”.