Германските истражители кои дојдоа да помогнат во истрагата за тетовската модуларна болница за само еден ден го завршија увидот. Собраните докази ќе се вештачат во лабораториите во Германија, а резултатите од вештачењето и анализите ќе бидат доставени во Јавното обвинителство Тетово, потврдиле од ЈО за ТВ 24.

Истовремено пак Обвинителството за организиран криминал и корупција ја разгледува документацијата за јавната набавки на сите модуларни болници.

„Обвинителството за организиран криминал и корупција, е надлежно само во делот на јавната набавка, и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност другото не.“ – Вилма Русковска – Обвинителство за организиран криминал и корупција.