Шпанската полиција уапси свештеник на југот на земјата, кој наводно дрогирал и злоставувал неколку жени.
Свештеникот (34), кој го снимил сето тоа, бил уапсен во андалузискиот град Велез-Малага, на околу 30 километри источно од Малага, соопшти полицијата.
Досега, според видеата, се идентификувани пет жртви. Но, полицијата не може да исклучи дека имало повеќе.
Истражен судија му одреди мерка притвор.
Жените со кои контактирала полицијата не знаеле дека биле злоставувани и снимени.
Истрагата беше покрената во август кога поранешна цимерка на обвинетиот на неговиот компјутер пронашла снимки и фотографии од делата за кои е обвинет. Таа веднаш ги известила надлежните.
Според полицијата, сите жртви биле негови пријателки, а тој ги злоставувал на групни патувања низ Шпанија.