Ѓоковиќ објави слика од теренот во Мелбурн веднаш по признавање на неговата жалба за укинување на визата. Најверојатно тенисерот се подготвува за настап на еден од најголемите тениски натпреварувања.
Жалбата на тенисерот за одлуката за укинување на неговата виза беше сослушана и судијата пресуди во корист на српскиот тенисерски ас. По одлуката на судот Ѓоковиќ се огласи на Твитер.
– Задоволен сум и благодарен на судијата се премисли и не ја поништи мојата виза. Покрај сè што се случи сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија Опен. Останувам фокусиран на тоа. Долетав овде за да играм пред неверојатните фанови на еден од најважните натпревари што ги имаме, напиша Новак Ѓоковиќ на неговиот Твитер профил.
Судијата Ентони Кели изјави дека тенисерот го добил потребното медицинско ослободување од вакцинацијата против Ковид-19 пред да отпатува во Мелбурн на тенискиот турнир Австралија опен и приложи докази за тоа кога слетал во средата навечер.
Ѓоковиќ (34) од четвртокот се наоѓаше во хотел за притвор за имигранти, заедно со долгогодишни баратели на азил. Нему му беше дозволено да присуствува само на виртуелни сослушувања, но не е виден во јавноста откако пристигна во Австралија.