Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше проблеми против Себастијан Кодра, но со пресврт (2:1 во сетови) успеа да го победи ривалот и да ја почне годината со титула во Аделаида.

По неколку добри гемови од двајцата тенисери следеше криза во играта на Ѓоковиќ, а тоа го искористи Кодра за да направи брејк и да поведе со 5:4, по што пропушти три сет топки, а тоа го казни Ѓоковиќ и израмни на 5:5. Освојувачот на првиот сет се решаваше во тај-брејк, каде што Американецот беше подобар до 10:8.

Србинот имаше проблеми и во вториот сет, а беше во состојба да го загуби и мечот бидејќи му дозволи на ривалот да стигне до меч-топка во 12. гем, но успешно се одбрани и потоа во тај-брејк славеше со 7:3.

Ѓоковиќ играше сè подобро како минуваше времето, а Кодра почна со грешките и му дозволи на Србинот да искористи една брејк шанса за да го добие третиот сет со 6:4.