Одговорно тврдам дека во периодот од 2017-та до 2024-та година, во време на владите на СДСМ, на Заев и останатите подизведувачи, на Македонија ѝ се случи невидена демографска катаклизма, незабележана во македонската историја, истакнува Владимит Ѓорчев кој беше гостин во првата епизода на третата сезона на НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски.

-Покрај оние огромни, стратешки загуби кои што  ги имавме во тој период, обезличување на Македонија, промена на име, идентитет, кои се огромни трауми за Македонија и македонскиот народ, одговорно тврдам дека паралелно со тоа е и демографската катастрофа која што се случи. Македонија од 2006-та година до 2016-та беше единствена земја во поширокиот регион која имаше раст на родените. Во тие години ние бевме најдобри за демографија во Европа. Од 2017-та до 2024-та најлоши во Европа, со најголем пад во број на новородени деца, рече Ѓорчев.

Тој во НАТКАСТ на КУРИР посочи дека во тој период како држава сме паднале од 23.000 новородени деца на 16.000 родени.

-Тоа е една страшна демографска трагедија, нема зборови, рече Ѓорчев.

Целиот НАТКАСТ со него погледнете го во видеото во продолжение