Процедурата за инвитро оплодување ја скративме од три месеци на две недели, а досега од 2008 година до сега од оваа постапка родени се 15.000 деца, тоа е една јужна трибина на градски стадион во Скопје, или тоа ви се две спортски сали „Борис Трајковски“ полни со деца, истакна во своето синоќешно гостување на „Наткаст“ со Љупчо Цветановски, координаторот за демографија, млади и човечки ресурси Влатко Ѓорчев.

-Имаме една одлична работа која што ја унапредивме, тоа е инвитро оплодувањето. Тоа е една од најпрекрасните работи, минатата година добив благодарница од здружението во ке членуваат воглавно мајки, а тоа е здружението на мајки кои што добиле дете по пат на инвитро, тоа го воведовме во 2008 година за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, и од 2008 до сега оваа година има 15.000 родени деца по пат на инвитро кое го воведовме да биде бесплатно, рече Ѓорчев и додаде:

„Тоа е една јужна трибина на градски стадион во Скопје, и не само тоа, после и тие бебиња ќе имаат свои деца, значи секоја од тие гранки, или од сите тие дрва или стебла еден ден дај Боже ќе разлистат, или тоа ви се две спортски сали „Борис Трајковски“ полни со деца“.

Ѓорчев во гостувањето појасни дека процедурата за ова процедура е олеснето од 3 месеци на 2 недели, и наместо 3 бесплатни, зголемено е на 6 бесплатни инвитро постапки.

-Значи, навистина една добра работа што ја почнавме во време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а сега со полна поддршка на премиерот Мицкоски ја направивме да не биде само три бесплатни постапки за инвитро оплодување, туку сега рековме шест затоа има голем број на жени, на мајки, на семејства со таа работа и тоа е скапа процедура, тешка процедура, има тука и хормонални терапии и сето останато од таа постапка и рековме нека има шест, нека се родат повеќе деца, нека повеќе луѓе се остварат како родители, нека повеќе мајки си ги гушнат своите чеда. Така што го направиме тоа и плус ја скративме процедурата во која што се одобрува таа постапка, наместо три месеци чекање, одење поп шалтери, неизвесности…, сега за две недели и тоа значи, едноставно гледаме проактивно, максиомално колку што е можно побрзо да едноставно луѓето имаат одобрување за таа постапка, појасни Ѓорчев.

Во продолжение целото гостување на Ѓорчев: