СДС, изгубивте 7.500 разлика и тоа ви предизвика душевна болка, затоа имате очајни пресконференции. Сега ќе ви се случи шлепер-жаба, порача градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Деновиве сум на тапет на убедливо најголемите неработници во историјата на Македонија, а знаете зошто?
Затоа што за разлика од нив, јас работам. Душегрижниците од СДС ги боли тоа што заедно со мојот тим за 2 години сработивме повеќе од 90% од изборната програма ветена за 4, дури и проекти надвор од програма а тие шајка немаат заковано веќе седум години. 7 години прават една клучка, на пример. Ги боли поразот и тоа што им пропадна бизнис планот. И допрва ќе ги боли! Да не должам, сега ќе им се случи шлепер жаба. Ме мотивирате, да сте ми здрави и живи!, вели Ѓорѓиевски.