Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило.
Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање на обврските на општините.
– Бараме Владата да назначи владин повереник и да и започне процес на расформирање на овие две јавни претпријатија и предавање на обврските на општините, рече Ѓорѓиевски.
Тој информираше дека на состанокот на кој разговарале околу состојбите со градот и нефункционалноста на претпријатијата присуствувале сите скопски градоначалници, освен двајца кои биле на одмор, но имало нивни претставници.
Фото: МИА архива