Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчера оставрил средба со Трифун Костовски.

„Имав чест да се сретнам и на едно пријателско кафе да поразговарам со Трифун Костовски, поранешен градоначалник на градот Скопје – човек со искуство и љубов кон нашиот град.
Разговаравме за тоа како Скопје треба да изгледа и кои чекори треба да ги преземеме за да го направиме достоинствено, попривлечно и модерно место за живеење. Трифун сподели прекрасни и многу издржани идеи. Благодарам за поддршката и за желбата да придонесеме за подобро Скопје, заедно“, напиша Ѓорѓиевски.