Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ тврди дека Владата нема да го преживее јануари 2022 година. Тој во интервју за Антена М изјави дека анкетите на јавното мислење покажуваат дека поддршката за Владата е на историски минимум.

„Последниот податок што го прочитав е дека се работи за 35 отсто од јавната поддршка. Кога ќе се вкрстат тие информации, јасно е дека оваа влада го изгубила своето време и затоа е неминовно да се очекува дека веќе во почетокот на следната година би требало да треба да имаме нова влада“, смета Мило Ѓукановиќ, пренесуваат подгоричките медиуми.