Новата реалност во државата ја прави беспредметна одлуката за распуштање на Собранието. Ова за Сител го вели уставниот судија Осман Кардиу кој пред колегите во среда ќе ја образложува својата предлог иницијатива за повтроно активирање на овој пратенички состав, с евели во прилогот на Сител.
За Кадриу не е спорно дека првичната одлука за распуштање на законодавниот дом е легитимна и уставна, но во вонредна состојна таа не може да опстане.
Извори од Уставен кои ја поддржуваат оваа иницијатива посочуваат дека поради вонредната состојба закажаните избори не се реализираа, а во моментот нема надлежен орган кој треба да закаже ново изборно соочување дури и тоа да е во редовниот термин во декември, но и да ја контролира работата на останатите институции. Овој пратенички состав зема плата и има обврски се до изборот на нов состав, а во вонредна состојна нивниот мандат се продолжува дури и да е завршен. Во ваква состојба државата е на работ на безредие, а Уставниот суд има можност тоа да го промени.
Според други извори од Уставен пак судот не може да разгледува иницијатива за која веќе се има произнесено. Во вонредна состојба нема никаква пречка за повторно состанување на Собранието, но уставниот може да го разгледува ова прашање само ако спикерот Џафери со писмено решение ја одбие иницијативата на пратениците за свикување седница.
Ако уставните судии ја прифатат оваа предлог иницијатива на судијата Осман Кардиу, одлуката за покренување на постапка ќе се носи на некоја од следните седници. Деталите Уставен ги најавува во среда по завршување на работниот колегиум.
Инаку, пошироката јавност подетално се запозна со Осман Кадриу при експресната одлука на Уставниот суд за замрзнување на владините уредби за намалување на платите на функционерите меѓу кои спаѓаа и судиите, обвинителите и уставните судии, кога истакна дека не можело тие, народски кажано, да гладуваат. Инаку нивните плати се околу 90 000-100 000 денари.