Повеќе од 1.000 работници од 7 компании во источна Македонија редовно оделе на работа, со полно работно време, но висината на платата што ја добиле на сметките била и до 2.000 денари под минималецот со кој се фали Владата и премиерот Димитар Ковачевски.
До здружението Гласен текстилец бил пријавен и случај на 970 работници кои добиле плата од 18.000 денари, но не им биле исплатени додатоци, објави ТВ 24.
Еден од чекорите што ги преземаат освен испраќање на преставките до трудовите инспектори е да ги информираат и странските текстилни брендови.
Од Гласен текстилец прашуваат како воопшто низ државниот систем поминува плата под минималната.
Од Управата за јавни приходи велат дека во моментов се прават анализи колку македонски фирми исплатитиле плата под минималната. Додека државните институции пресметуваат, во конфекциите се бараат работници.
Војната во Украина, донесе во државава нови брендови, но сега нема кој да седне зад машините.
Гласен текстилец претходно побара промена и на казните за фирмите што не исплаќаат минимална плата или со нејзина исплата доцнат со месеци. Тие сметаат дека сегашниот систем на глоби не го дава очекуваниот ефект и се крши врз грбот на работниците и треба побрзо да се донесе новиот Закон за работни односи, на кој се чека повеќе од три години.