Главните патишта во Израел денеска беа затворени поради протест на кој граѓаните бараат ослободување на заложниците и прекин на војната во Појасот Газа.
„Тајмс оф Израел“ пренесе дека автопатот северно од Тел Авив денеска беше затворен за сообраќај откако демонстрантите запалија оган на средината од коловозот, а делови од друг автопат што ги поврзува градот и Ерусалим беа затворени.
Израелските власти веруваат дека во Газа има 20 заложници, како и тела на 30 мртви, а палестинските власти велат дека повеќе од 62.000 луѓе се убиени во енклавата од октомври 2023 година.