И додека Македонија, се уште, нема вакцини за луѓето, кои премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче ги најавуваат од лани, научниците во светов објавуваат дека вакцинација против Ковид-19 ќе треба и за домашните миленичиња, за да се спречи ширењето и од нив.
Коронавирусот ги погодува и животните и досега се забележани случаи на заразени кучиња, мачки, лавови, тигри, нутрии и горили.
Научниците од Универзитетот на Источна Англија, институтот Ерлхем во Норич и Универзитетот на Минесота велат дека постојаната еволуција на вирусот во животните откако им бил пренесен од човекот претставува значителен долготраен ризик по јавното здравје.
– Не е незамисливо дека вакцинирањето на некои домашни животни ќе биде неопходно за да се спречи ширењето на заразата, се вели во извештајот објавен во стручното списание Вируленс.
Ланската година Данска усмрти неколку милиони нутрии откако се утврди дека стотици случаи на коронавирус во земјата се поврзани со варијанти кои потекнуваат од фарми на овие животни.
– Кучиња и мачки можат да фатат коронавирус, но нема докази дека можат да го пренесат на луѓето. Но, има смисла да се вакцинираат домашни миленици од претпазливост. Постојат информации дека Русија веќе почнала да развива вакцина за домашни животни, вели проф. Кок фан Остерхут, аксперт за еволуциска генетика на Универзитетот на Источна Англија.