Корисниците на Телеком изминатиот час не можат да се јавуваат од мрежата на Телеком кон мрежата на А1.

Од компанијата за „Слободен печат“ велат дека проблемот е во дојдовните повици, односно не може да се оствари контакт со корисниците кои се на операторот А1, каде според нив е и дефектот.

Инаку, од броевите на Телеком кон истата компанија најнормално се одвива телефонскиот сообраќај.

Корисници на мрежата на А1 се пожалија дека од нивната мрежа можат да остваруваат појдовни, но засега не добиваат дојдовни повици.

Од А1 рекоа дека во моментов се соочуваат со глобален технички проблем со мобилните оператори, како и дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот.