Откако го сменија името на Република Македонија, сега и манастирот Св. Јован Бигорски доби ново име.

Министерот за внатрешни работи и екс технички премиер Оливер Спасовски, денеска објави дека бил во посета на Бигорскиот манастир, но не во Св. Јован туку во Св. Јоаким.

– Денеска заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски и претставници на Амбасадата на САД во земјава го посетивме Манастирот Свети Јоаким Бигорски по повод деновите на чествување 1.000 години од неговото постоење. Славното Бигорско светилиште низ вековите било гордост на нашите предци и столб на нашата православна вера, објави Спасовски на Фејсбук.

Сигурно на Спасовски нема да му биде драго, ако случајно или намерно му биде сменето името, на пример во Зоран или Спасе. Затоа треба внимателно со светите имиња на Македонија и македонските светилишта, дури и кога грешките се прават ненамерно!

(Д.Г.)