Голем дел од Скопје, почнувајќи од Кондово до населбата Карпош попладнево остана без струја.
Како што соопштуваат од ЕВН, станува збор за голем дефект на 110-киловатна трафостаница Запад, од која со електрична енергија се снабдуваат реоните од населбите Кондово, Ѓорче Петров, Влае, Тафталиџе и Карпош.
Од ЕВН велат дека нивни екипи работат на дефектот, а во меѓувреме, корисниците вечерва ќе добијат струја од друга напојна точка.
– Без разлика кога ќе се санира дефектот, граѓаните нема да останат без струја. Работиме на премостување на друга напојна точка, велат од ЕВН.